Загина едно лице, гореше автомобил и повредени уште неколку при сообраќајна нереќа утрово на патот Битола-Прилеп

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа четири автомобили  утринава во 7:55 часот на патот Битола – Прилеп. Во несреќата учествувале Рено Твинго и Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици, објави порталот Шеталиште.

Во сообраќајката загина 19-годишниот Т. Ѓ од Битола, потврдил за порталот портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.

Во несреќата изгорело и возилото марка Мерцедес, а причините за истата сеуште се непознати.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.