На маргините на самитот на Г20 во Хамбург денеска почна состанокот помеѓу претседателите на САД и Русија, што беше нивни прв формален разговор лице в лице, пренесуваат светските агенции.
“Чест ми е да бидам со вас, ви благодарам и “спасиба” (фала на руски), рекол Трамп пружејќи му рака на Путин.
“Воодушевен сум што се состанувам со вас. Се надевам дека нашиот состанок ќе донесе резултати”, одговорил рускиот претседател Путин.
Путин додал дека “телефонските разговори никогаш не се доволни”.
Ројтерс пренесува дека Трамп не одговорил на новинарско прашање за руското мешање во претседателските избори во САД.
Трамп и Путин денеска за прв пат се сретнаа во живо и се ракуваа, на самитот на Г20 земјите кој се одржува во Хамбург, соопшти Кремљ.
А/Г/