Оваа пракса не е предвидена со закон, меѓутоа речиси сите авионски компании ја практикуваат со цел подобро да ги заштитат своите патници.
Едно од правилата на авио-компаниите кое се почесто се применува е да пилотот и копилотот не јадат иста храна пред летот. Сигурноста на патниците во авионот целосно е во рацете на овие две личности, па така пилотите на комерцијални летови мораат да почитуваат одредени правила.
Пилотите најчесто можат да бираат и копилот со кој сакаат да летаат. Сепак, некои правила никако не смеат да ги прекршат, а едно од нив е токму горе споменатото. Иако ова делува чудно, постојат добри причини зошто треба да се почитува.
Ако едниот од пилотите добие труење од храната, другиот пилот нема да го доживее истото и ќе може да го преземе управувањето со авионот.
Ова е повеќе од добра причина ваквото правило да се почитува од пилотите.
A/Г/