ЗЛАТНА ТРЕСКА НА БАЛКАНОТ: Во потрага на закопаното кралско богатство !

Во селата околу Луковска Бања во близина на Куршумлија денес речиси и да нема човек кој не тргнал во потрага по скриеното богатство на кралот Милутин. Еден од нив е и 70 годишниот Миодраг Милетиќ, кој до сега, како што вели тој, прекопал и брда и долини.

Легендите и народните преданија за скриеното богатство на кралот и напуштените римски рудници се главни виновноци за златната треска. Реко кој од мештаните на Штава, Мрче и другите села сака јавно да говори за потрагата по богатството, а Милетќ за агенцијата “Бета” вели дека од мали нозе започнал да го бара богатството.

– Го барав додека чував добиток, уште како мал, но и сеуште го барам. Копав каде и да се посомневав дека би можело да се наоѓа, вели Милетиќ.

Легендата вели дека кралот Милутин во селото Штава имал свој летниковец, каде престојувал со кралицата Симонида. Во околината, средновековните кралски рудари копале злато, а занаетчиите изработувале накит и други златни предмети. Таа легенда ја поткрепуваат и археолошките истражувања – пронајдени се неколку топилници на злато, олово и сребро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.