Јапонците се народ кој не си дозволува “ситница” како што е 30-метарска снежна покривка да им направи проблеми.
Планината Татејама висока е околу 3000 метри, но не е популарна само поради висината, туку и поради тоа што оваа планина е најснежна планина во светот.
Да, верувале или не, илјадници луѓе секоја година плаќаат за да отидат и да ги видат снежните тунели на Татејама. На планинскиот ланец Хинда во средината на Јапонија се забележуваат и до 38 метри снег годишно.
За вака големата снежна покривка заслужен е сибирскиот зрак кој преку Камчатка се спушта кон Јапонија, а по патот собира огромна количина влага од околните мориња.
На овие планини се наоѓа популарното одморалиште со термални води, Сукау Онсен, кое е посетено од илјадници, илјадници луѓе годишно.
Патот до одморалиштето популарно се нарекува “Снежен кањон” поради 30-метарските снежни насипи низ кои туристите поминуваат без пречки.
Погледнете како изгледа тоа: