Генералот Јевениј Бужински предупредува дека светот е на работ на војна и тоа поради труењето на агентот во Британија. Тој смета дека оваа војна би можела да биде последна во човечката историја.
Рускиот генерал, кој и служел 41 година на руската војска, изјавил дека со протерувањето на дипломати од државите на Европската Унија и САД, по труењето на Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка, се создава ситуација која е полоша од Студената војна.
“Полошо од Студената војна е вистинска војна, која би можела да биде последна во човечката историја”, предупредува генералот.