Рекордно ниските температури кои го зафатија Источниот брег на Соединетите Американски Држави, предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот.
Замрзнатите патишта и рекордно ниските температури, кои на одредени места се спуштија до -43 степени целзиусови, се вистинска темпирана бомба за учесниците во сообраќајот.
Верижните судари се честа појава, а тоа може да се види и во видеото во продолжение, кое изгледа доста застрашувачки.