ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА МЕЃУ СРБИЈА И ХРВАТСКА ?!

Доколку Хрватска го повлече својот амбасадор од Белград, Србија веднаш ќе реагира и ќе го повлечи својот амбасадор од Загреб, пишува Спутник.

Имено, поради одлуката на владата на Србија да го прогласи за “персона нон грата” хрватскиот министер за одбрана, Хрватска презеде контра мерка и му забрани влез на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин. Мириса на вистинска дипломатска војна во регионот.

Хрватските медиуми повикувајќи се на извори во државниот врв, најавуваат дека Загреб следанта мерка ќе ја бара во повлекување на својот амбасадор Гордан Бакота.

“Ниту тоа не може да остане без одговор, ако најавите на медиумите излезат точни. Ќе возвратиме со иста мера. Србија само реципрочно ќе одговори на изразито недипломатскиот потег на Загреб. Ќе се однесуваме како одговорна држава”, вели изворот на Спутник.

Амбасадор на Србија во Хрватска е Мира Николиќ, кариерен дипломат со повеќегодишно искуство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.