ЗАЕВ ЈА УКИНУВА ПОМОШТА ЗА ЕГЕЈЦИТЕ: Владата им врти грб на прогонетите од Егејска Македонија, а ги финансира шарените револуционери!

Денеска, на дневниот ред на Владата ќе се најде предлог – одлуката за престанок на трајно користење на недвижнина на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, дознава Денешен.

Исто така, на дневен ред ќе се најде и предлог-одлуката за престанок за давање на трајно користење за на недвижнини на Републичкото здружение на децата бегалци од и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија Т’га за југ од Скопје.

Владата, со овие предлог-одлуки ќе ја прекине државната помош на здруженијата на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија.

Очигледно Владата со оваа одлука не е свесна за ударот што ќе го предизвика кон претставниците на протераните Македонци од Егејска Македонија и ударот врз единството на македонскиот народ и создавање на се поголеми поделби.

СДСМ уште еднаш докажа дека не се грижи воопшто за спомен-обележјата кои ја симболизираат вековната македонска историја, кои беа обоени и уништени.

Со оваа одлука сегашната власт СДСМ и Шарената револуција удрија и по македонските херои кои го положиле животот за независна и суверена Македонија.

Изминатиов период македонскиот народ беше сведок на крајно нецивилизирано однесување на демонстрантите организирани од невладини и поддржувачи на СДСМ.

Да се потсетиме, додека се маваше со јајца и балони полни со боја кон најзначајните лица и моменти од нашето минато, споменици од другата страна на Вардар останаа недопрени.

 

Прочитајте повеќе ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.