Заврши истрагата за случувањата на 27.април минатата година, информираат од обвинителството, а можно е во меѓувреме и преостанатите притворени лица да бидат пуштени од затворски притвор, а судењето да го следат од слобода
Како што информираат од надлежното обвинителство, истрагата во врска со случувањата на 27. април минтата година е завршена, а предметот е испратен на оценување во Кривичниот суд.
Доколку добие зелено светло од Советот за оцена, тогаш набрзо ќе стартува и судењето, а на обвинителна клупа ќе седнат 35-мината обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Пред да почне судењето можно е дел од осомничените кои се во притвор во истражниот затвор „Скопје“ да излезат и да добијат некоја од алтернативните мерки на обезбедување, бидејќи повеќе не можат да влијаат на истрагата, бидејќи истата е завршена. Сепак се очекува обвинителството и понатаму да инсистира на притвор поради опасноста од бегство, но и поради тоа што бројот на обвинети е голем, па да не се случи да не доаѓаат на закажаните рочишта.
Меѓу притворените се и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, како и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.
Извор: “Инфомакс“