Наместо ветените реформи, Спасовски по налог на Заев вчера повика новинари да го снимат фамозниот блиндиран Мерцедес во обид да се сокрие безидејноста и немањето на вистински план за работа, потпирајќи се на планот „купи ден, помини“.
Но, вистинската забеганост кај СДС се огледува и во тоа што тие сметаат дека граѓаните на Р.Македонија немаат долгорочна меморија, па Заев и Спасовски во неколку наврати се обидуваа да лажат дека Мерцедесот кој чинел 585.000 евра бил запуштен и оставен на милост и немилост на мачките кои го гребеле додека бил во гаражата.
Претходно информиравме дека Спасовски по налог на Заев и Шеќеринска намерно го оштетувале возилото, за денес да можат да направат ПР спектакл и да ја замајуваат јавноста, наместо да дадат одговори за неработењето и неспроведувањето на ветените реформи.
Дека Спасовски намерно го оштетувал Мерцедесот, покажува и фактот што само пред 20-тина дена во истиот се возеше и високиот комесар од ЕУ Јоханес Хан, но и Доналд Туск во посетата на Ѓорѓе Иванов.
Извор: infomax.mk