„Журнал“: Убиецот од Швајцарија висок функционер на СДСМ и близок пријател на Заев (ФОТО)

Познатиот активист на СДСМ од Струмица во швајцарскиот град Лукарно, Горан Михајлов (54), со пет куршуми си ја усмртил сопругата Хани (38) на патот кон езерото Маџиоре крај Аскона во Швајцарија, пишуваат тамошните медиуми, пренесува Журнал.нет.

g-m

Настанот е снимен и на видео камери од објектите од околината, снимки кои сега се во посед на Полицијата, а за настанот сведочи и Џианкарло Вачини, кој ја слушнал жената како вреска пред чинот на смрттаГоран ја убил сопругата затоа што мислел дека го изневерува.

dva

Швајцарските портали пишуваат дека Горан е многу близок со врвот на социјадемократскиот сојуз, кои се сега власт во Република Македонија и дека на неговиoт фејсбук профил може да се сретнат негови слики со практично целиот државен врв.

tri

Џианкарло, за швајцарски „Блик“ вели : – Седев крај кискот и пушев цигара, одеднаш слушнав женски глас како вика, не! не! и после слушнав истрели, 4 или 5, 20 секунди подоцна следеа уште три до четири истрели, раскажува тој видно потресен.

cetiri

Кога притрчал, Џианкарло видел две тела на подот по што мислел дека и двајцата се мртви, но Михајлов го преживеал обидот за самоубиство.

pet

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.