Во еден супермаркет во Филаделфија изби сериозна тепачка кога две жена беа обвинети за кражба.
Вработените го заклучија маркетот за крадците да останат внатре до доаѓањето на полицијата, а снимката која се појави во меѓувреме е снимена од надворешната страна на локалот.
Одредени мажи навиваа жените да се степаат со вработените. Во еден момент една од нив бесно ја шутна вратата, а потоа почнаа од рафтовите да земаат производи и да ги маваат вработените.
Кога се појави полицаецот една од нив се обиде ноншалантно да излезе, но тој ја бутна назад во продавницата. А тогаш почна вистинска борба, се бореа на подот, а другата жена која крадеше се обиде да ги раздели. На крајот се појавија уште четири полицајци. Тие едвај ги соборија двете жени кои на крајот завршија со лисици на рацете.