Пет пратениците од владејачката партија СДСМ денеска не гласале за донесување на Законот за употреба на јазиците.
Собраниските листинзи покажуваат дека Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за донесување на овој закон.
Ковачев е на трудничко боледување, но пртетпладнето можеше да се забележи во собраниската сала. Според листингот, за Законот не гласале ниту лидерот на Aлијансата за Албанците, Зијадин Села, ниту пак, Африм Гаши од БЕСА.
За разлика од нив, за Законот гласале независните пратеници, Чедомир Саздовски и Амди Бајрам.
Законот го поддржаа и пратениците од СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец и Кети Смилеска.