Вечната дилема во светот е: Кој вози подобро, жените, или мажите?
Тоа е тема која предизвикува жестоки реакции понекогаш. Некои мажи со потсмев гледаат кон жените возачи, други пак целосно го делат возилото со својата понежна половина. Сепак статистичките податоци се на страна на жените. На пример, иако многумина мислат дека е обратно, сепак мажите почесто зборуваат на мобилен или пишуваат СМС додека возат.
ЖЕНИ VS MAЖИ ЗАД ВОЛАНОТ
Во 75 % од случаите се возат со примерна брзина – мажите тоа го прават во 55 %
Во 85% од случаите застануваат на жолто на семафор – мажите тоа го прават во 44%
Во 54 % од случаите негативно делуваат на другите возачи – мажите во 73 %
Во 96% од случаите адекватно сигнализираат што планираат да направат на улицата – мажите повторно послаби, 82%
Во 79 % од случаите користат ретровизори – мажите ги користат во 46 % од случаите.
Во 4 % од случаите возат преблизу и не држат растојание – мажите во 27 %
Во 89 % од случаите се придржуваат кон ограничувањето на брзината – мажите во 86%
Во 64 % од случаите возат со брзина прилагодена на состојбата на улицата – мажите имаат ист процент
Во 96 % од случаите го имаат воланот под контрола – мажите тука подобри, 100%
Во 16 % од случаите зборуваат на мобилен телефон или пишуваат СМС пораки – мажите во 24 %
Во 1 % од случаите се уфрлуваат во сообраќајот на опасен начин – мажите во 14 %
Дали сакате уште набројуваме?!
Жените знаат да бидат навистина подобри возачи од мажите, а мажите тоа мора да го прифатат.
A/Г/