Еурокомпозит: ”Ново раководство чекаме се уште од Заев, Сугарески и Анѓушев!? Доста лаги!”

Раководството на синдикалната организација на Еурокомпозит предупредува дека штрајкот кој минатата недела беше ставен во мирување одново ќе се активира, доколку владата не се држи до ветувањето да го разреши актуелното раководство на компанијата.

Покрај едната просечна плата која им беше ветена на вработените, вице премиерот Анѓушев им ветил и промена на менаџерскиот тим, а тоа беше и едно од главните барања на синдикатот.

Претседателот на синдикалната организација за медиумите истакна дека вработените се на своите работни места, но упати предупредување до владата дека повторно ќе преземат порадикални чекори доколку под итно не биде променет менаџерскиот тим, за кој се сомневаат дека извршил криминал во раководењето и се плашат дека истото ќе се повтори повторно.

Богданоски вели дека тоа им било ветено од Анѓушев на последната средба и дека и самиот тој потврдил дека е сторен криминал во компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.