Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија затоа што Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија, изјави вчера на дебата, пренесувана од Турската радио-телевизија, турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.
На конференцијата организирана во клубот на иселениците од балканските простори, Ердоган порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците.
– Тоа што сме го заборавиле во 1912 година сега можеме да го поправиме – рекол Ердоган според кого Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.
– За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме зад нив – порачал турскиот премиер.