Ен-Ди-АЈ Институт: 74% од граѓаните на Прилеп задоволни од животот во општината: Јованоски вели дека граѓаните лажат?! (ВИДЕО)

Јавното претставување  на Илија Јованоски пред камерата на “24 Вести”, кој е кандидат за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, иако бомбастично најавено, беше проследено со низа небулози и контроверзни одговори.

Пред излагањето во салата во Центарот за култура “Maрко Цепенков”, Илија Јованоски се соочи со анкетата која по барање на Ен-Ди-Ај Институтот ја изготвил Тим Институтот од Скопје, а според неа дури 74% од граѓаните на општина Прилеп се задоволни од животот во општината.

74 % oд граѓаните на Прилеп се задоволни од животот во нивната општина или речиси ¾ од жителите на Прилеп се многу или до некаде задоволни со животот во општината, додека ¼ се донекаде или потполно незадоволни со животот во Прилеп.

Здравствената заштита за повеќе од 60 % од жителите е оценета позитивно, додека околу 37% сметаат дека оваа услуга е со лош квалитет.

Во однос на собирањето смет мал дел или 13,3 % од граѓаните сметаат дека оваа услуга е со лош квалитет, додека ЗА поголемиот број или околу 83 %  од испитаниците оваа услуга се одвива без проблеми.

Прилепчани се задоволни и од водоснабндувањето. Околу 71 % од граѓаните, водоснабдувањето го оценуваат позитивно, а само ¼ од жителите оваа услуга ја оценуваат со негативна оценка.

Граѓаните на општина Прилеп се презадоволни и од образованието во општината. На ова поле само ¼ од граѓаните сметаат дека тоа е со лош или многу лош квалитет, додека за останатите образованието ужива висока оценка.

Висока доверба од 58,5 % од граѓаните ужива и квалитетот на инфраструктурата во Прилеп.

Податоците на анкетата се направени за потребите на НДИ Институтот преки ТИМ Институтот во периодот од 9-ти до 12-ти септември преку телефонски интервјуа.

Јованоски не се согласи со резултатите од анкетата на која стои логото на “УСАИД” и која ја изврши високорангиран институт како Ен-Ди-Ај (Национален Демократски Институт).

Инаку овој институт функционира од 1983 година, а своите активности ги извршува решиси во половина свет.

Дали според кандидатот на СДСМ граѓаните лажат?!

Александар Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.