По успехот кој го имаше со првата песна наменета за бугарскиот пазар “Погледни ме за крај”, Велевска продолжува со нејзината мисија освојување на бугарскиот пазар.
Конкуренцијата е голема, но македонското девојче рамо до рамо се носи со тамошните големи ѕвезди. Дека публиката одлично ја прифаќа, говори фактот дека се побројна е публиката на нејзините настапи ширум Бугарија, како и честите ТВ гостувања и интервјуа за тамошните медиуми.
Прифатеноста, големите прегледи на “Јутjуб” ја мотивираа Велевска за нов проект.
По “Погледниме за крај” и дует песната со Борис Дали “Ќе си моја”, деновиве своја промоција ќе добие “Отпуштен си”, која ја сработи македонскиот хит мејкер Оцко, кој е задолжен за најголемите хитови во Бугарија, и една од најдобрите текстописци Мариета Ангелова.
Промоцијата ќе биде за скоро на официјалниот “Јутјуб” канал на “Планета ТВ”, “Планета 4К” и “Планета ХД ТВ”.
“Ова дефинитивно е еден од моите највисокобуџетени спотови досега и се надевам дека е полн погодок за публиката”, вели Велевска.