Експресниот пат Штип-Радовиш со кој се фали Сугаревски е целосно проект на ВМРО-ДПМНЕ

Безидејноста која ја има новата владеачка гарнитура се покажува на дело, проектите кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ, сега тие ги презентираат како свои. Еден од тие примери е изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш, проект кој е целосно на поранешната Влада на СДСМ, за кој веќе беа и обезбедни средства.

-За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш во должина од 23,5 километри, инвестиција во вредност од 28 милиони евра, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. Патот ќе се гради на целосно нова траса од местото Софилари пред Штип до Бучим. Mаксималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Граѓаните и експертската јавност сметаат дека е некултурно новата власт овој проект да го претставува како свој, ако се знае дека за него веќе и беа обезбедени средства во висина од 64 милиони евра. Граѓаните велат дека очигледно дека Владата чекала 6 месеци за да го гради овој пат, можеби мислејќи дека токму народот има кратка меморија, па ќе помисли дека ова е проект на Владата на СДСМ.

-Велес-Кадрифаково е во длабока фаза, јас очекувам дека за неколку месеци комплетно ќе биде готов овој експресен пат. Ги почнавме и сите останати. Станува збор за Штип-Радовиш, Штип-Кочани веќе распишавме тендер за изградба. Ранковце-Крива Паланка исто така распишавме тендер за изградба. Прилеп-Градско веќе потпишавме договор за градба, очекувам наредниве месеци официјално и на терен ќе почнеме со градба. Ни останува уште последниот експресен пат Охрид- Пештани кој очекувам дека до крајот на оваа година ќе го почнеме. Или од прилика преку 164 километри и инвестиција од преку 330 милиони евра директно во патна инфраструктура, рече Владо Мисајловски, тогашниот министер за транспорт и врски во 2015 и 2016 година.

Доказ и дека новата власт пробува да си го приграби овој проект за себе се и написите низ медиумите од 2015 година, кога беа обезбедени средствата за изградба на оваа делница.

Граѓаните низ смеа велат дека иако се е спремно и за изградба на патот кон Бугарија, можно е оваа власт за 3-4 месеци да го претстави како некоја новина, или нивни нов проект.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.