Семакедонска игранка се одржа вчера во селото Овчарани во Леринско, каде стотици Македонци од Егејска Македонија со македонска песна, ора и љубов кон својата традиција, обичаи и посебност, запеаа на цел глас.
Нашинците во Егејска Македонија и порано, кога ги затворале, прогонувале, убивале и силувале, останале истајни кон тоа што се. Истото се случува и денес, особено во моментите кога се распродава државата дел по дел од страна на новите власти, а во интерес на Бугарите и Грците.
Само со обединување на Македонците од сите страни на светот и нивно заедничко делување, ќе се каже “НЕ” на сомнителните договорите како оној со Бугарија, со кој се бриши македонскиот јазик, народ и посебност.
Македонците на нивниот собир добија поддршка и од попот Цартањас од Аридеа, кој ги поддржа нашинците да издржат во овие тешки моменти.
Еве како синоќа во Овчарани ечеше ” Една мисла имаме, еден живот живееме”:
A.Г.