“Еднаш против СДС, потоа со нив… ?! Изнесени факти за Градоначалникот на Прилеп!?”

На ОО на „Илинден – Слободни демократи“ во 1992 г.

– Кој е тогашниот локален лидер на партијата која била опозиција на СДС?

Повик за едниство Во 1992 година упатил претседателот на општинската организација на „Илинден – слободни демократи“, д-р Илија Јованоски.

Во рубриката: Писма, полемики, реагирања како што пренесува тогаш неделник Народен глас (бр. 939, од 11.12.1992г.), претседателот д-р Илија Јованоски, во текстот, апелира до сите политички партии, без оглед дали имаат претставници или не во Парламентот, независни пратеници и партии во основање, да се обединат и да и покажат на целата светска јавност дека во Македонија сите работат за една цел: суверена, самостојна Република Македонија.

Но, кој е д-р Илија Јованоски, на која политичка партија е локален лидер и чии интереси застапува?

„Илинден – слободни демократи“ е партија во периодот кога Македонија се наоѓа без Влада со враќањето на мандатот од страна на Петар Гошев.

До сознанијата до кои дојде „Зенит“, во оваа новоформирана партија тогаш членуваат неколкумина пратеници од македонскиот парламент: Михаил Пановски, Благоја Чкатроски и Ристо Јованов.

Во интервју, исто така за тогашниот прилепски неделник, (народен глас, бр. 922, од 14 август 199 2г.) Чкатроски кој е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а се ангажира во друга политичка партија, вели дека “Илиден – слободни демократи” е за Влада што ќе ги застапува целосно националните интереси.

На политичката сцена и во парламентот делуваат како опозиција. Во Собранието поднесуваат амандмани како пратеничка група на Илинден – Слободни демократи, најчесто заедно со пратеникот Тодор Петров, за многу теми дури и за законот за изменување на законот за ловот…

Всушност тоа се потврдува и од стенографските белешки од Собранието на Македонија до кои дојде Зенит, а изречени од претседателот и пратеник Михаил Пановски. Пренесуваме дел од забелешките:

– “…Јас не поставував пратенички прашања, туку трипати излегував, министерот Фрчковски го барав да ми одговори. Инаку, од партиите на власт овде човек не може да постави пратеничко прашање.

Сакав Владата да ми одговори политичките партии овде во парламентот застапени на власт што се односно СДС, Реформските сили – Либерална партија и Социјалистичката партија, наследничките на бившата Комунистичка партија колку од предизборната кампања, значи од воведувањето на повеќепартискиот живот во Македонија, значи со регистрирањето на првите политички партии, тоа беа Лигата и МААК, почетокот на 1990 година, па сé до ден денеска колку овие партии имаат добиено пари од друштвените фирми во Македонија од фирмите кои се на буџет.

Значи, од сите фирми што постојат освен приватните. Не знам како ќе се изврши контрола преку СОК.

Барам да ми биде даден одговор за периодот комплетно од 1990, 1991 и 1992 година… ( стенографски белешки од 53 седница на Собранието на Македонија од 24 декември 1992 година)

– “… Ќе завршам со многу кратка реченица. Колку што може проститутката за моралот, толку и СДС може да зборува за одредени профитери за одредени финансиери на одредени партии. Само толку… (стенографски белешки од 68 седница на Собранието на Македонија, од 4 ноември 1993 година)”

Се поклопува ли случајно името на тогашниот претседател на општинската организација на “Илинден – слободни демократи”, д-р Илија Јованоски, со актуелниот татко на градот кој на власт дојде како кандидат на Социјалдемокраскиот сојуз и коалицијата “За живот” во Македонија”? Или тоа е истата персона? Се отвора дилемата? Или пак уште не е избришана колективната меморија на прилепчани кои се сеќаваат дека докторот Јованоски ги посетувал во нивните домови придружуван од пратеникот Чкатроски, убедувајќи ги во политики и ставови, спротивни на тогашното СДС?

Многу дилеми и прашања на кои одговор треба да даде, да демантира или потврди, првенствено тој и познавачите на политичките прилики во градов кои се инволвирани во случувањата од самиот зародиш на плурализмот, на кревката демократија и независноста на Македонија.

Аргументите и доказите тоа може да го потврдат, а дотогаш остануваат да лебдат сомневањата меѓу прилепчани за непостојаноста во политичкиот курс и лажното колнење во името на демократијата?! Граѓаните заслужуваат одговор!

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.