Летните горештини се ближат, а единствената водена оаза во Прилеп останува иста и за оваа летна сезона.
Градскиот базен “Маркови Кули” и ова лето ќе ве разладува, ќе ве освежува и ќе се погрижи за одлична забава и релаксирање на сите гости.
Промотивни цени за сезонски билети кои одговараат за сечиј џеб, по 500 денари за едно лице, или фамилијарна сезонска влезница, по цена од 1000 денари за 4 лица.
Сезонските влезници ќе ги најдете во канцелариите на градскиот базен секој ден до 16 часот, а промоцијата трае до 10-ти јуни кога и официјално започнува летната сезона и уживање.
Од градски базен и оваа сезона ветуваат уредна летна бавча, многу освежителни пијалоци и низа забавни изненадувања.
Контакт телефон: 048/430-965
Градски базен “Маркови Кули” ве очекува! Бидете дел од лудата летна забава!