Скандинавските земји веќе долго време се синоним за благосостојба, добро уредени и организирани системи, безбеден и удобен живот, комплетна социјална и каква било друга безбедност. Во таа смисла, Норвешка е стигната најдалеку, најмногу заработува, а работата во Норвешка е желбата и сонот на многумина. Што е потребно за работа во Норвешка? Како за сезонска работа?
Се разбира, оние кои сонуваат и сакаат да работат во Норвешка најчесто сакаат тоа да биде постојана работа. Со постојана работа би добиле многу полесно и дозвола за постојан престој, а со тоа дури и губењето на работата нема да биде причина за напуштање на Норвешка и потрагата по нова работа ќе продолжи, пишува порталот infomax.mk
И додека се бара начин за редовна работа, зошто да не се проба сезонска? Сезонската работа во Норвешка може да трае до шест месеци во една година, по што треба да се направи пауза. Многу е привлечно за оние кои не можат постојано да останат во Норвешка, а заработката може да биде многу важен извор на приход.
Важно е да се напомене дека барањето за дозвола за работа може да се поднесе само кога работодавецот ќе ви испрати конкретна понуда за работно место со полно работно време. Доколку договорот го дефинира времетраењето на работата до три месеци, на пример, замена на работник кој е на боледување не е потребно да побара работна дозвола.
Инаку, во Норвешка прецизно се утврдени секторите во кои може да се вршат сезонски работи или за кои може да се поднесе барање за дозвола за работа. Тоа се шумарство, земјоделство и градинарство, риболов, угостителство и туризам.
И во Норвешка, па дури и кога станува збор за сезонска работа, домашните работници и оние од Шенген зоната секогаш имаат приоритет. Затоа е неопходно да се добие потврда дека не е можно да се вработи домашен работник за конкретната работа. Ова не важи за работните места во земјоделството и шумарството.
Ако странски работник ја промени работата или работодавецот, неопходно е повторно да се обезбеди работна дозвола. Се разбира, вкупниот ангажман базиран на сезонска работа може да биде до шест месеци годишно. Сезонската работа не се пресметува во времето потребно за издавање дозвола за постојан престој во Норвешка.
Според сегашните регулативи во Норвешка, барање за дозвола за сезонска работа може да поднесе странски работник, но исто така тоа мора да биде нарпавено и од страна на работодавачот. Документите треба да бидат преведени од судски преведувач на норвешки или англиски јазик, со барањето требад а биде приложено: копии од патни исправи, придружно писмо или формулар за апликација од The Norwegian Directorat for Immigration, нови фотографии, доказ за сместување, доказ за професионални квалификации и професионално искуство, како и формулар од веб-страницата на UDI.