Доста Комлјеновиќ, мештанка на местото Челе кај Приједор, има кокошка која снела едно чудно јајце, а благодарение на истото можела дури да добие и на лото, но за жал тоа не се случило.
Кога го земала јајцето видела нешто шарено, се обидела да го исчисти, но за жал не успеала. Потоа видела дека всушност тоа се броеви.
– Имаше шест бројки и можеа да се видат убаво, тројка, деветка, шестка… Го повикав синот и му кажав што најдов. Никој од нас не е суеверен, но го послушав советот и одиграв лото. Сопругот го уплати ливчето, но обична комбинација. Уште додал четворка и за жал ништо не добив, вели Доста.
На тоа потполно заборавила, за после неколку дена броевите од јајцето да бидат извлечени во џекпот. И немало добитници.
– Не ми беше лесно кога го видов тоа, но што да правам, одиме понатаму. Редовно ќе ја играме истата оваа комбинација, па којзнае, можеби и ќе ни се посреќи, а можеби кокошката ќе снесе уште едно јајце со нови добитни броеви. Чудата сепак се случуваат, изјавила несреќната Босанка за Курир.рс.
– За неа ќе направев посебен кокошарник. Да ужива, се пошегувалa Доста, која јајцето на кое се наоѓаат броевите се уште го чува и го покажува на заинтересираните.