По долг и напорен ден, ништо не може да ве опушти повеќе од ладно пиво. Луѓето велат дека пивото го подобрува расположението, но никој не знае зошто има такво дејство.
Научниците откриле дека постои состојка во пивото, хордеин, која силно влијае врз нашиот мозок и тоа ја променува состојбата во организмот.
Студијата на германските научници покажа дека токму хордеинот од пивото е одговорен за зголемување на расположението. Тие сметаат дека хордеинот и домапинот заедно го стимулираат допаминскиот рецептор Д2 во мозокот.
За чувството на опуштање и добра воља одговорни се алкохолот и хордеинот, утврдува студијата на научниците.