“ЕХФ” ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: “ТИЕ СЕ “ЛУДА БАНДА” КОЈА ЦЕЛИ КОН МЕДАЛ”

“Ако некој ни речеше пред почетокот на турнирот дека ќе имаме 5 поени и ќе бидеме први во почетната група, ќе му речев дека е луд”, со оваа изјава на нашиот голман Борко Ристовски ЕХФ го започнува текстот посветен на нашата репрезентација.

Македонската приказна можеби е неочекувана во првата фаза, но тие никогаш не биле во подобра ситуација отколку сега, пишува во текстот.

После успехот на Вардар во Лигата на шампиони и освоената шампионска титула, Македонците можат да се сметаат како медал закана во Хрватска, додаваат во написот на веб сајтот посветен за Европското првенство на ЕХФ.

ЕХФ ги потенцира двете победи над Словенија и Црна Гора, како и нерешениот резултат против Германија и промашувањето на Стојанче Стоилов на 10 секунди пред крајот на натпреварот, кој можеше да донесе уште еден триумф и против Германците.

Во текстот се потенцира и ефектот на тренерот Гонзалес.

“Taктички, Гонзалес внесе високо ризична игра и висок степен на внимание во натпреварот против Германија. Македонија без голман играше во текот на целото прво полувреме за Гонзалес да му даде на својот тим седум на шест предност во нападот”, додаваат во анализата од ЕХФ

На крајот од текстот од ЕХФ потсетуваат и на освоеното петто место пред шест години и моментот кога повеќе од 100.000 фанови ги пречекаа ракометарите на плоштадот “Македонија” во Скопје.

Оригиналниот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.