ЕРДОГАН СО ПОРАКА ДО АМЕРИКА: Престанете, инаку ќе ја почувствувате отоманската тупаница!

САД би требало да престанат со претставата за борба против терористичката група ИСИС во Сирија, која се претвара во борба против Турција, изјави турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган

„Имаме 911 километри граница со Сирија. Каква врска имаат тие со сириската граница? Ако веќе потрошија 550 милиони долари (за помош на Народните заштитни единици на Западен Курдистан во Сирија), а сега сакаат да ја зголемат таа цифра на три милијарди. Велите дека се борите против ИСИС, а колку членови на ИСИС уништивте?

Тие кои се бореа против ИСИС сега се борат против Турција. Никој нема право да го користи ИСИС како изговор. Дојде време да ја завршиме оваа претстава со ИСИС, време е да паднат маските“, рече Ердоган обраќајќи се на пратениците на владеачката партија.

„Ни велат: Ако не нападнат, ние жестоко ќе одговориме. Тие кои го зборуваат тоа никогаш во животот не ја почувствувале отоманската тупаница“, додава турскиот претседател.

Односите помеѓу Турција и САД се во криза поради поддршката која САД им ја пружаат на силите на самоодбраната на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка група. Од своја страна Вашингтон објаснува дека своите дејства се против терористичката група ИСИС.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.