ЕКСКЛУЗИВНО: Шевал Цеку дел од Бордот директори во Тутунски комбинат Прилеп?!

2342353

Тутунскиот Комбинат во Прилеп нема да остане имун на кадровските промени на новата влада предводена од СДСМ.

Задоволувањето на партиските кадри продолжува да се одвива со несмалено темпо, па така до сега променети се голем број директори и раководители во јавните институции, а час поскоро се брза ново раководство да добие и прилепскиот тутунски гигант.

До Собранието на акционери кое треба да се одржи на 25-ти август предложени се кадри од различни страни на државата.

Еден од нив е и кадарот на ДУИ Шевал Цеку, кој според нашите информации ќе седне на едно од местата во Бордот на директори. Цеку е Генерален директор во Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, а претходно бил вработен во МВР и Директор на пошта во Кичево.

Покрај овој кандидат за дел од раководството во Тутунски комбинат се споменуваат и адвокатот Ѓорѓи Михаилов  од Кочани кој е директор на службата за општи и правни работи во ЕЛЕМ, како и Никола Џамбазовски од Штип кој од 2003 година е директор на самостојна дирекција за управување со проблематични кредити на Комерцијална Банка.

Како потсетување Тутунскиот Комбинат во Прилеп во изминатите години застана на здрави нозе како резултат на политиките на претходната влада и склучениот стратешки договор со светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.