Курир дојде до ексклузивни снимки кои на барање на Заев и СДСМ беа отстранети од сите видео канали на интернет, а на кои се гледа како СДСМ сакаат да го исплукаат ВМРО-ДПМНЕ користејќи го зборот „Бугари“ во погрден смисол.
Ова се пратениците, советниците и симпатизери на СДСМ кои пред неколку години по повод преименувањето на улици во Скопје меѓу кои за едната имаше предлог да се вика „Тодор Александров“ го демолираа Собранието на Град Скопје и организираа повеќе протести со скандирања „Уа Бугари, убијци, предавници“.
Што се случи за Заев најпрво да го промени неговото, а потоа и да им го смени мислењето на неговите сопартијци? Ги уценил, ги снимал или ги „превоспитал“ на друг начин?
СДСМ пред неколку дена потпиша договор со Бугарија каде што Македонија трпи многу по-суштински штети, со ревидирање на историјата и со негаторски однос за македонскиот народ и јазик.
Тогаш за именување на улица по македонски револуционер кој претходницие на СДСМ го обвинуваа дека се борел за бугарска кауза СДСМ кршеше и демолираше со грст навреди кон Бугарија, а денес од партијата има молк.
Меѓудругото, СДСМ тогаш со своето однесување предизвика меѓународен инцидент, па реагираше и бугарското МНР. Што се смени во меѓувреме?
Сега, снимките од овие активности на СДСМ се избришани и Заев се обидува да прави цензура, иако тогаш овие материјали беа пропагандна алатка на СДСМ и ги ширеа насекаде. Сега истите видео материјали СДСМ ги брише од секаде. Освен онаму каде заборавиле.
Ако тогаш за преименување улица со име на македонски револуционер ВМРО-ДПМНЕ беа предавници, што се сега СДСМ, за промена на историја и откажување од македонскиот народ и јазик?
Извор: kurir.mk