Бугарскиот премиер Бојко Борисов побара и доби поддршка од сите 206 пратеници во собранието, а немаше ниту еден воздржа или глас против.
Договорот кој треба да значи подобрување на добрососедските односи со Бугарија, во Македонија жестоко се напаѓа, а револтот порасна од вчера кога истиот целосно беше презентиран пред македонската јавност.
Особено делот во членот 11 каде јасно стои дека Македонија се откажува од правата на Македонците во Бугарија и членот 8 каде се вели дека ќе се формира заедничка комисија која ќе ги толкува историските извори и учебниците во образованието.
Според толкувањата на текстот на договорот, под мониторинг ќе бидат ставени сите медиуми и новински агенции кои ќе објават нешто за злосторствата на бугарскиот окупатор за време на втората Светска војна во Македонија и ѕверското однесување кон македонското население.
На текстот од договорт реагираа и македонските универзитетски професори по историја, давајќи сериозни забелешки околу контрадикторноста и фаворизирањето на бугарската страна во него.
И додека новата влада во Република Македонија и премиерот Зоран Заев, кој ќе биде потписник на договорот, избегаа од јавна седница и јавна расправа за овој договор во Собранието, бугарскиот премиер Борисов на јавна седница доби едногласна поддршка и од неговите пратеници, но и од пратениците на опозицијата.
Договорот за “добрососедство” со Македонија доби поддршка од сите 206 пратеници, никој не гласаше против и никој не беше воздржан.
Дали ова се должи на тоа што овој договор е полн со обврски кои се обврзувачки за Македонија, на сметка на задоволување на бугарските интереси и дали Бугарија конечно ќе го добие тоа што го сака од Македонија?!
А/Г/