Кога Џошуа Хајден (19) заминал во лов на кенгури, не можел ни да помисли дека ќе се врати назад со скршена вилица и помодрено око.
Имено, момчето во вторникот со својот брат тргнале во лов на кенгури во Келерберин, Австралија, но кенгурот ги изненадил и на Џошуа му нанел повреди на окото и вилицата, пренесува Дејли Меил.
Џошуа вели дека пукал во два кенгури од автомобилот, едниот од нив побегнал а другиот успеал да го нападне.
Момчето се здобило со тешки повреди на главата и фрактура на вилицата, а во моментов се наоѓа во болницата Ројал Перт.
Kangaroo headbutts man, breaking his jaw and knocking him out.https://t.co/Q3EsttW1Pr#7News pic.twitter.com/cSLYqwjZO1
— 7News Yahoo7 (@Y7News) February 15, 2018