ЕВРОПА СТРАВУВА: Трамп ги стави НАТО и Европската Унија пред свршен чин

tramp-donald-amerika-600x450

САД проблемите со Русија ќе ги решаваат на дипломатски начин, па сите кои се подготвени да ја следат таквата надворешно-политичка агенда на Трамп, ќе бидат добредојдени за билатерална соработка со САД.

Изјавата на министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел, дека Доналд Трамп го ослабел Западот и дека неговата политика им штети на интересите на ЕУ, според мислењето на аналитичарот Саша Адамовиќ, уште еднаш се покажа дека либералната европска левица не е во состојба да го разбере новиот американски претседател и што тој денес претставува во светската политика.

Се она што Трамп го говореше за НАТО и ЕУ за време на предизборната кампања, до ден денес не го променил, вели Адамовиќ.

“Од друга страна, изјавата на Ангела Меркел – која, за разлика од Зигмар Габриел имаше блиска средба со претседателот на САД – дека Европјаните треба да ја земат својата судбина во свои раце и дека не треба да се потпираат само на САД и Велика Британија, покажува дека германската канцеларка конечно разбрала што Трамп сака и од што нема да отстапи во надворешната политика на САД”, напоменува Адамовиќ за “Спутник”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.