Драма на границата меѓу Македонија и Косово

333

Со автомобил ја скршил рампата на границата меѓу Македонија и Косово. Како што информира полицијата, вчера на „Блаце“ за влез во Македонија се пријавиле две лица на возраст од 24 и 28 години со адреси во скопска Гази Баба и селото Сингелиќ. Откако полицијата забележала дека едно од лицата сака да влезе во Македонија со туѓ пасош го повикале на дополнителна проверка, по што овој додал гас на автомобилот и побегнал од границата кршејќи ја рампата.
Од МВР велат дека набрзо потоа автомобилот бил пронајден во селото Блаце но нема информации за бегалците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.