Драма во Прилеп гореше куќа – ваделе неподвижен маж од прозорец

Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот и 30 минути во Прилеп на улицата „Бистра Планина“, од засега непознати причини избувнал пожар во куќата на 35-годишниот Ш.Б.

Целосно е опожарена собата на приземјето каде бил сместен неговиот татко Ш.Б., кој е неподвижен, но бил изваден од страна на неговиот син низ прозорецот од истата соба.

На првиот кат од куќата изгорена е целосно целата покуќнина, осум сандаци со мед, табла од електрично броило и осигурачи, комплет немонтирана нова санитарија за купатило и стиропор. Во пожарот е зафатена и кровната конструкција од стариот дел од куќата во која живее неговиот брат Ш.Т.

Од пожарот е причинета материјална штета од околу 500.000,00 денари.

Од страна на екипи на територијална противпожарна заштита, пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.