Драма во Прилеп: Маж претепан од братот на неговата сопруга

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против М.Ф.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 12.09.2017 година додека И.Ј. со В.Д. седеле во неговото возило, во близината на Вештачкото езеро, на местото пристигнале неговата сопруга и пријавениот, којшто е брат на сопругата на И.Ј.

 Откако  сопругата на И.Ј. и пријавениот ги отвориле вратите од возилото, пријавениот почнал да го дави И.Ј. околу вратот, по што го извлекол надвор од колата и продолжил да го удира, а потоа го турнал на земја, со што му нанел тешка телесна повреда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.