Вистинска драма се одвиваше на крајбрежјето на Калифорнија, откако јато ајкули опкружиле група капачи додека уживале во водата.
Благодарение на навремениот потег на локалните власти, избегната е трагедија.
-Внимание до сите. Околу вас пливаат 15 големи бели ајкули. Полека и смирено напуштете ја водата, порачал преку разглас шерифот од округот Оринџ, додека го надлетувал местото со хеликоптер.
Во Калифорнија веќе втора недела е прогласена состојба на зголемен ризик од ајкули, откако на 29ти април морско куче тешко повреди жена на плажата Сан Онофре.