Двојниците на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и на американскиот претседател Доналд Трамп го привлекоа вниманието на сите присутни на Зимските олимписки игри во Пјонг Чанг.
Припадниците на обезбедувањето брзо ги отстранија од трибините, пренесува Ројтерс.
– Ни беше одлично. Сакавме да ги изненадиме сите и да споделиме мир. А потоа не исфрлија од трибините, членовите на обезбедувањето. Навистина нема смисла. Зарем не сакаат мир ? – вели “Ким Јонг Ун”.