Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) — е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани.
Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко.
Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.
Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.
Во продолжение слушнете се за неговото владеење: