Докторот за време на пораѓај го повикал таткото: “Брзо сликај го ова, пред тебе гледаш чудo” (ФОТО)

На социјалните мрежи се прошири фотографија која ја направил еден татко за време на пораѓањето на својата сопруга.

Всушност, папочната врвка на нивното бебе била врзана во чвор, што може да биде многу опасно. Папочната врвка до бебето носи кислород и хранливи материи, кои му се неопходни за развојот , а има и клучна улога за отстранувањето на телесниот отпад на бебето. Обично таа е долга околу 60 цм, а доколку е поголема од просекот, постои можност истата да се намота околу вратото на бебето, но и не мора да биде опасно.

Истото важи и за овој чвор на фотографијата, кој може, но и не мора да биде опасен.

За среќа, тоа овде не било случај. Пораѓањето на оваа жена протекло во најдобар ред, а на свет донела здраво дете без никакви проблеми. Лекарите му дале надимак “чудо од бебе”.

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.