Во софтверот на британската компјутерска компанија “Пириформ” упаднале хакери и инсталирале програма која им овозможила да превземат контрола над десетици милиони уреди, соопшти вчера компанијата.
Програмата е подметната во легалниот софтвер под името “CCleaner” и се симнува по пет милиони пати неделно.
Таа се користи за чистење на програми кои не се користат, како и за убрзување на работата на уредот, пишува “Ројтерс”.
Ф.Г.