Доколку некој се подготвува за ПОТКУП при избори, проблеми на гласачко место и ПОСЛЕДИЦИТЕ од тоа?!

Локалните избори се на врата. Македонија во недела одново ќе гласа за први луѓе на општините и членови на советот. Од изборната кампања останува утре утрешниот ден, кога на полноќ ќе биде означен изборен молк. Македонските граѓани главно сакаат мирен изборен ден, без проблеми и насилство.

Изборниот поткуп и проблемите на денот на гласањето се нешто што често се користи во реториката на политичарите, но да видиме со предвидува Кривичниот законик и какви казни се предвидени за оние кои ќе посигнат да го прават тоа.

Во глава шеснаесетта “Кривични дела против изборите и гласањето”, или член 158 и 159 од Кривничниот законик насловени како “спречување на избори и гласање” и “повреда на избирачкото право”, се предвидени последиците за секој оној кој со сила или закана ќе се обиде да го оневозможи или попречува гласањето , како и за секој член на избирачки одбор или избирачка комисија.

Она што може да се забележи е дека казните за ваквите дела се релативно високи, па сторителите можат да поминат најмалку три години во затвор.

Во членот 160 пак наведена е повредата на слободата на определување на избирачите, и тука казната за сторителите изнесува најмалку 3 години затворска казна.

Што подразбира изборниот поткуп и какви казни се предвидени за ова дело најдобро може да се види во членот 162 од Кривичниот законик, каде стои следното:

Според Кривичниот законик ова е едно од поголемите престапи за време на изборниот циклус, па членот 162 предвидува казни од најмалку 5 години затвор, како и парични казни или една година затворска казна доколку користа на поткупот е од помала вредност.

Во секој случај секој оној кој намерава да се впушти во извршување на вакви дела во недела, добро е одново да размисли.

 

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.