Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд продолжува и во наредните денови.
Во ноќта кон недела и во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот и ќе завршуваат попладне.
Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.
Утринските температури ќе се во опаѓање и веќе од средината на неделата наутро температурите ќе се под нулата.