Доделени 70 решенија за легализирање на дивоградби во Прилеп

_MG_4741

Денеска во Прилеп, во градската библиотека „Борка Талески“ беа доделени нови 70-тина решенија за легализација на дивоизградените објекти. Инаку Прилеп останува да биде лидер во Македонија во легализирање на дивоградбите. До овој момент легализирани се околу 9.000 објекти од овој тип. Опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077 барања.

_MG_4698

„Ова е еден од најубавите закони што било која Влада ги има донесено, затоа што се исправа една голема неправда, тука има луѓе кои после децении конечно ги легализираат своите објекти. Прилеп е лидер во Македонија во спроведувањето на ова законско решение за легализирање на дивоградбите. Службите на локалната самоуправа заедно со приватните и државниот катастар ќе продолжат да работат и во иднина со истиот континуитет во интерес на граѓаните. Ги повикувам сите граѓани побрзо да ги средуваат потребните документи, за да ние можеме побрзо им го издадеме решението за легализација“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_4691

Реализацијата на проектот во 2016 година беше над 60 проценти кога во декември истече крајниот рок за поднесување на елаборатите за барањата поднесени во 2011 година, како едни од најглавните документи за решавањето на овие предмети. Краен рок пак за поднесувањето на елаборатите за барањата поднесени во 2016 година е крајот на оваа година.

_MG_4734




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.