Британката Ејвелин Гарви на свои 17 години ја прекинала врската со момчето затоа што се заљубила во маж кој е постар од нејзиниот татко. Две години подоцна и понатаму се во врска.
Ејвелин го запознала Даг Трејсер (44) преку интернет. Даг веднаш бил искрен и кажал колку години има, како и тоа дека има деца и дека живее во Сан Франциско. После неколку месеци допишување седнал во авион и заминал за Лидс, каде се сретнал со Ејвелин.
“Знаев дека го сакам уште кога го видов”, рекола Ејвелин и признала дека на 17-годишна возраст го имала и првиот сексуален однос со Даг.
“Кога сме заедно тоа е навистина добро. Тој знае што работи и јас сум среќна”, рекла Ејвелин говорејќи за нејзиниот сексуален живот.
Таа и Даг се гледаат секој месец, тој патува за Лидс, а таа за Сан Франциско. Ејвелин сега студира, а Даг го запознала и со своите колеги на факултет.
“Излезе со нас и не беше чудно, но луѓето често мислат дека тој ми е татко. Но, мене не ми е гајле за тоа што мислат другите. Тоа е моја врска. Среќна сум”, додала Ејвелин, пишува “The Sun”.
Додава и дека Даг го запознала и со нејзината мајка. Даг пак од друга страна ја запознал со неговите деца од двата претходни брака. Неговите деца имаат 24, 22 и 12 години.