Ѕвездата на ПСЖ Анхел ди Мариа доби казна затвор од една години поради затајување данок во висина од 2 милиони евра.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед е осуден за два случаи, двата по шест месечна затворска казна.
Но, 29-годишниот играч нема да заврши зад решетки, поради шпанскиот кривичен законик. Во Шпанија, затворските казни до две години многу често се простуваат доколку лицето нема претходно криминално досие.
Аргентинецот претходно се договори со властите да не биде суден.