Од власта предводена од СДСМ и Зоран Заев беше ветувано кратење на трошењето и штедење колку што е можно повеќе, сепак место тоа граѓаните гледаат само луксузирање на владините функционери.
Повторно во главна улога е директорот на Агенцијата за поддршка на туризмот,Александар Донев, кој откако со бизнис класа патуваше на семинар во Аргентина, сега заминал на студиско патување за екстремни спортови во Албанија, а како што вели Игор Смилен од „ЕГ Грин Пауер“, патувањето на директорот Донев чини 7.000 евра државни пари.
Тој вели и дека агенцијата на Грин Пауер се уште и ги нема исплатено 45.000 денари кои и ги должи. Смилев вели и дека тој ќе работи уште неколку дена за службените патувања на Донев.
-Всушност, генезата на проблемот е во двете државни агенции. Оваа нашава(Агенција за поддршка на туризмот со која ние имаме проблем) си бара пари од Агенцијата за рурален развој и додека си ги средат црнилата, долговите, и додека ги најдат ајдуците, опструентите и кодошите во нивните редови, НИЕ ќе си пишуваме, пишува Смилев на Фејсбук.
Тој на Фејсбук се пожали и дека минатата недела имале состанок со Донев и неговиот правен тим и колегиум, на кој се договорило пред два дена да им достават писмо со кое заедно ќе ги бараат парите од другата агенција, но дека писмо нема, фактури нема, пари нема, а како што пишува Смилев лице и образ јок.
-И тоа сакав да ВИ кажам. До следното писание и до следната борба за правда. Одам да работам, го завршува Смилев својот статус.
Инаку, Донев беше само еден од многуте кои како независни борци за правда, преку т.н. Шарена револуција се вдоми во државните институции, како функционер во Владата на СДСМ, а ова не му е прв скандал, откако е на директорската позиција во Агенцијата за промоција на туризмот.
Претходно, Донев на службено патување во Аргентина летал со бизнис класа. Откако се откри ова, Донев кажа дека агенцијата каде тој е директот трошела само домаќински.
Донев присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања што се одржа во октомври во Буенос Аирес, а одлучил да лета во бизнис-класа оти летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци.
-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги реализира буџетските трошоци строго наменски и домаќински. Првпат летав со бизнис класа за Аргентина бидејќи патот е долг, повеќе од 17 часа, а имав набиена агенда, голем број состаноци кои бараат ефикасност. На сите други патување сум летал со економска класа или со нискобуџетни компании, вели директорот Донев за СДК.мк по прозивките на социјалните мрежи.
Тој тогаш кажа дека авионската карта до Аргентина во бизнис-класа била 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чинела околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.
Изјавата на Донев тогаш наиде на остри реакции на социјалните мрежи, граѓаните велат дека билетите за лето до Аргентина се многу поевтини од оние директорот Донев ги кажува.
Еден од коментарите на граѓаните вели дека билет во економска класа чини 70.000 денари, околу 2.500 евра поевтин од оној кој Донев го платил, а не како што тој вели 180.000 денари.
Инаку, ова не е прв пат членови на Владата да се луксузираат на своите патувања, откако е СДСМ на власт, патувањата на владините делегации се со нетипично голем број на луѓе, а тие се сместени во скапи и луксузни хотели, а се тоа на товар на граѓаните на Република Македонија.
Извор: Курир