Aвтентична кореографија, инвентивни маски и насмеани детски лица… Повеќе од 200 ученици од сите училишта во Прилеп продефилираа денеска на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” на детскиот карневал кој веќе неколку години традиционално се одржува пред главното случување на Прочка.
“Eвропска Унија”, “Маша и Медо”, “Фроузен”, Снешковци, ликови од цртани филмови, “Пуканки”…. и многу други беа дел од денешниот карневал, а како и секоја година и оваа младите прилепчани приредија вистинско шоу и привлекоа големо внимание.
Во продолжение уживајте во преубавите креации: