Детали од разговорот помеѓу Вучиќ и Путин: Рускиот претседател со порака до српскиот народ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин веднаш по апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ која се случи на Косово и Метохија во понеделникот.

Како што информираат од руското Министерство за надворешни работи, пренесуваат српските медиуми, Путин му дал ветување на Вучиќ дека Русија со сите можни средства ќе спречи било какво насилство над Србите на Косово, а дека Москва со својот дипломатски и политички авторитет, ако затреба и сила, ќе ја заштити Заедницата на српските општини ако наскоро биде формирана.

Во соопштението навеле дека е неприфатливо отвореното гледање на меѓународните сили, кои само од страна гледале што се случува и ништо не преземале. Рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин на Твитер го напишал својот став за случувањата во Митровица, велејќи дека Приштина делувала во согласност со своите покровители и дека Брисел ја покажал својата неспособност како посредник и гарант.

Воениот аналитичар Мирослав Лазански истакнал дека не се исклучува можноста да постои врска меѓу протерувањата на руските дипломати и заострувањата на односите со Западот и Русија со случувањата на Косово и Метохија.

„Русија и Путин можат да ѝ помогнат на Србија на три начини: дипломатски, политички и на уште еден начин кој не е за јавноста. Во Советот за безбедност, фала му на Бога, Русија ни го чува грбот, тоа има и политички ефект и поради тоа притисоците врз Србија се сѐ поголеми и поголеми“, рекол Лазански.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.