Вчера околу 16 часот и 30 минути на патот за рудникот Сивец, над вештачкото езеро во Прилеп, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Лада Рива“ (натоварено со нелегално исечени огревни дрва), управувано од 37- годишниот Б.В и патничко возило „Фолксваген Пасат“, управувано од 38- годишниот И.Ј, двајцата од Прилеп.
На местото на настанот починал Б.В., возачот на возилото „Лада Рива“.
Увид на местото на настанот извршиа Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.